ПРОМОЦИЈА НА МЛЕЧНИ И ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОДУКТИ




     Проектот “Промоција на земјоделски и млечни продукти” e одобрен од страна на Бирото за регионален развој - проекти за 2009 година.

Основните цели на проектот се:
          а) Стручна помош на индивидуалните производители и фармери од страна на еминентни македонски стручњаци;
          б) Да се изврши промоција на значајните производители и производи од регионот, по пат на издавање на брошура;
          в) Меѓусебна размена на искуства и отворање на форум по пат на ВЕБ портал што ќе биде креиран во рамките на проектот;
          г) Презентација на производителите од регионот на една завршна манифестација;
          д) Техничка помош за производителите.

     За да се постигнат посакуваните цели, Центарот за развој на Југозападниот плански регион, согласно одобрениот проект во тек на реализација се следниве активности ...    Промоција на земјоделски и млечни продукти


Некои статистички показатели на структурата, површините и производството на одделни култури во Југозападниот регион



Југозападниот регион на Р. Македонија, според статистичките податоци од 2008 година од 100% земјоделска површина, под обработлива површина има 49% и под пасишта 51%.
По категории на користење, овој регион располага со 103.601 ha земјоделска површина. Од тоа со обработлива површина од 50.893 ha, ораници и бавчи 40.599 ha, овоштарници 2.204 ha, лозја 621 ha, ливади со 7.469 ha и пасишта 52.683 ha.
По производство на овошје во Југозападниот регион се произведуваат 1.470 тони цреши, 711 тони вишни, 92 тони кајсии, 18.994 тони јаболка, 1,107 тони круши, 4.695 тони сливи, 495 тони праски, 668 тони ореви.
По број на пенушки винова лоза овој регион располага со родна површина од 605 ha, со 1.725.000 број на пенушки, 1.690.500 родни пенушки и 8.435 тони производство.
Други култури:
Во Југозападниот регион се произведуваат 17.899 тони пченица, 9.804 тони пченка, 83 тони тутун, 16.364 тони компир, 657 тони кромид, 1.137 тони домати, 1.083 тони пипер, 127 тони краставици, 1.659 тони детелина и 9.553 тони луцерка.
Сточарство:
Југозападниот регион располага со (статистика за 2008 година) 150.000 грла овци, 50.000 грла говеда, 26.000 грла кози и 25.000 грла свињи.


Органско производство на храна

Органско производство на храна

Органско производство на храна

Органското овошје и зеленчук содржат повеќе елементи важни за здравјето. Така, содржината на флавоноиди и други полифеноли, како на пр. ресвератрол, е повисока...       повеќе


Производство на мед и
продукти од мед

Производство на мед

Производство на мед и продукти од мед

Во Македонија има околу 10.000 пчелари со 75.000 пчелни семејства и производство на 800 до 1.200 тони мед...       повеќе